ГАК: Ниту едно бебе не е во животозагрозувачка состојба поради прекинот на струја

Откако во јавноста се прошири информацијата за прекин во електричната енергија, поради што без струја останала и Гинеколошко акушерската клиника (ГАК), од таму денеска се огласија со соопштение во кое се вели дека прекинот на струја не довел до животозагрозувачка состојба на ниту едно од новороденчињата.

„Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни.

Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола“, се вели со соопштението од ГАК.

Од таму додаваат дека Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

– Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период  кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија, уверуваат од болницата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот