Г-7 повика на итно и безусловно ослободување на белорускиот новинар

Министрите за надворешни работи на групата седум најбогати земји повикаа на „итно и безусловно ослободување” на Роман Протасевич, белорускиот новинар кој беше уапсен по принудното слетување на авион на Рајанер во Минск.

– Бараме итно и безусловно ослободување на Протасевич, како и на сите други новинари и политички затвореници приведени во Белорусија, велат министрите во заедничкото соопштение издадено од британската Влада.

Повеќе светски медиуми тврдат дека белорускиот претседател Александар Лукашенко наредил принудно слетување на авионот на Рајанер во кој се наоѓал Протасевич, по што тој беше уапсен. Некои медиуми наведуваат и дека лично Лукашенко наредил еден авион од белоруската авијација да го придружува авионот на Рајанер до аеродромот во Минск.

Лукашенко вчера изјави дека не знаел оти Роман Протасевич бил во авионот, на кој му било наредено да слета во Минск, но додаде дека би издал наредба за слетување ако го знаел тоа.

Според засега официјалните извештаи, авионот на Рајанер, кој летал од Атина кон Вилнус, принудно слетал во Минск, откако белоруските власти добиле закана од Хамас за поставена бомба во леталото. Хамас демантираше поврзаност со инцидентот. После проверката на авионот, беше утврдено дека заканата била лажна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот