ФЗОМ за затворањето на амбулантата во Македонски Брод: Ниту една ординација не е над прописите

„Амбулантата се затвора поради заминување на лекарот во Германија освен ако здравствената установа не вработи нов лекар како замена на отсутниот лекар. Во конкретниот случај, здравствената установа останала без лекар поради неговото неоправдано отсуство од работа“, вели директорот на секторот за комуникации и административна поддршка при Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Ирфан Лимани.

Ова е реакцијата по пишувањето на „Слободен печат“ за затворањето на една од четирите приватни амбуланти во Македонски Брод, поради тоа што газдата му дал одмор на докторот, спротивно на препораките од Владата, според кои матичните доктори не смеат да користат одмор за додека СЗО не прогласи крај на пандемијата.

Сопственикот на ординацијата, доктор Игор Дабевски, рече дека е изненаден од одлуката на ФЗОМ да му ја укине капитацијата како казна за непочитување на препораката. Според неговите кажувања, препораките не се задолжителни и за нив не следуваат казни.

– Фондот нема правен основ да исплатува капитација на избран лекар кој неоправдано е отсутен од работа и наместо да се врати на работното место и да дава здравствени услуги, ја остава ординацијата само со медицинските сестри, а пациентите немајќи друг избор, биле приморани да се снаоѓаат и да се упатуваат кај друг избран лекар – објаснува Лимани.

Одлуката на Владата вели дека „…се забранува користење годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор до завршување на пандемијата со ковид-19, прогласена од СЗО… “. Истата е задолжителна за сите чинители во здравствениот систем, особено за избраните лекари кои треба секојдневно да бидат во контакт со своите заболени пациенти и да го следат нивното здравје“.

– Поради тоа, докторот бил обврзан веднаш да го прекине одморот и да се врати на работа. Во никој случај не се работи за изречена казна од Фондот поради што довело до тоа  амбулантата  да престане да работи – заклучи Лимани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот