ФЗОМ бара решение за проблемите при исплата на породилното боледување, тврди Клековски
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски вели дека има проблеми при исплатата на надоместокот за породилно отсуство, затоа што дел од помалите фирми не правеле разлика меѓу пријавувањето патолошка бременост и породилно отсуство. Разликата меѓу овие два видови на пријавување е значителна и се однесува на процентот што ќе ѝ биле исплатен на жената, дали 70 или 100 проценти од платата.
Препорачано
-Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се следат соодветно. Дел од проблемите што настануваат се, посебно од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и на породилен надомест. Разликата е во тоа што за едните надоместот е 70, а за другите е 100 проценти. А за тоа мора да се поднесе ново барање. Само овој месец имавме 10-тина случаи на жалби и констатиравме дека е побаран надомест за патолошка бременост, а не е испратен документ дека родилката е на породилно отсуство. Работиме на тоа, ние постојано се извинуваме за непријатностите, меѓутоа се трудиме да најдеме техничко решение за да го олесниме процесот и на пријавување и на исплата, рече Клековски.
Поради тоа што во првиот и во завршниот месец од отсуството системот на верификација во подрачните служби е рачен, се јавуваат проблеми.
– Во основа, подрачните служби ги верификуваат породилните отсуства, ги испраќаат во дирекцијата во Скопје каде што се исплаќаат боледувањата. Ние, како што пристигнуваат породилните и другите долги боледувања, така ги исплаќаме. Само минатиот месец имаме исплатено 511 милиони денари за боледувања. Минатата година исплативме 72 милиони евра за породилни боледувања. Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од други исплати, овие се фреквентно, променливи исплати и некогаш процесите не се следат соодветно, речеКлековски.


