Фуере: ЕУ треба да поведе постапка за корупција против Бугарија, како што направи САД

Ерван Фуере/Фото: Архива

Поранешниот специјален претставник на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере, во вестите за 24 Вести рече дека реториките на бугарските министри и други државни претставници во моментот делуваат како да се спроведуваат империјалистички политики од 18 век и дека тоа само го сее семето на злото.

– ЕУ не ги почитува вредностите во некои области, како што е надворешната политика. Овој ќорсокак е неуспех на ЕУ. Тоа не ја кочи само вашата Владата, туку ги кочи граѓаните и нивната европска перспектива. Тоа е сериозен расчекор и мора да бидеме внимателни, бидејќи можеме да го загубиме тлото за овој регион, рече Фуере, кој деновиве беше гостин на Преспа форумот за дијалог.

Тој ја повика ЕУ да започне постапка за корупција против Бугарија, по примерот на САД, а не да ја охрабрува да спроведува, како што вели тој, националистичка агенда.

– ЕУ да започне постапка против Бугарија за сите случаи на корупција како што започна САД. Бугарија прави удар на политиката на проширување на ЕУ, поради што излегува дека таа не ги почитува своите ветувања. Сега ЕУ не ја исполнува својата одговорност, а тоа е разочарувачки. Срамота е за Бугарија, но срамота е и за ЕУ која не може да спречи една своја членка која сака да исполни некоја своја националистичка агенда, додаде Фуере.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот