Фото: ffm.mk

Фудбалерките против Унгарија, Азербејџан и Андора во лигашката фаза од мундијалските квалификации

Денеска во УЕФА беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.

Македонската женска сениорска фудбалска репрезентација ќе ги започне квалификациите од Лига Ц, во која има вкупно шест групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година.

Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентации, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второ и трето пласираните селекции од Лига А.

Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.

Нашите најдобри фудбалерки ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот