Фото: ФФМ

Фудбалерките до 17 години со „петарда“ ја испратија Молдавија

Млада женска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа со 5:0 против соодветната селекција на Молдавија во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир ЕП кој се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на Катерина Милеска одиграа одличен меч во кој во целост го надиграа противникот и остварија сосема засллужено победа.

Настасја Накова го обележа овој натпревар во кој успеа да постигне три погодоци.

Резултатот го отвори најдобриот поединец на денешната средба, Настасја Накова во 29. минута. Истиот играч во 51. минута стрелаше за 2:0. Три минути подоцна, Калина Попески го постигна третиот погодок на денешната средба. Ева Величкова беше стрелец на четвртиот гол во 66. минута, а Настасја Накова во 77. минута го комплетираше хет трикот и ги постави конечните 5:0.

Квалификациски турнир во Скопје

Жени до 17 години

Македонија – Молдавија   5:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;

Селектор: Катерина Милеска;

На 12. март од 11.часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” играме со  Словенија.

Меѓусебната пресметка, Молдавија и Словенија ќе ја одиграат на 9. март, со почеток во 13. часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот