Фудбалерите во Виена ја поправаат сликата од Скопје

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) во Виена против Австрија го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2020. „Рисовите“ немаат шанси за пласман, иако теоријата се уште е присутно, но никој не верува дека Австрија нема да освои само еден бод во натпреварите со Македонија и Летонија.

Токму затоа, мисијата на селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите и што подобро да се подготват за бараж натпреварот од Лигата на нации со Косово. Токму тој бараж дуел со Косово е втората шанса за фудбалерите да се најдат на ЕВРО 2020.

Иако вечерва на „Ернст Хапел“ стадионот, Македонија нема да биде комплетна поради повредите и суспензиите на неколку стандардни репрезентативци,  желбите кај фудбалерите се да се поправи сликата од првиот натпревар кој се играше во Скопје на кој Австрија ни одржа вистинска фудбалска лекција со победата од 1:4.

– Не можеме да бидеме толку слаби како во Скопје против Австрија. Никој така не ме надиграл, но за да одиме на Евро 2020, треба да покажеме дека можеме и со најдобрите. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија – размислува Стефан Ристовски.

Голем проблем за селекторот Игор Ангеловски ќе претставуваат отсуствата на неколку стандардни репрезентативци, повредените  Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи, Иван Тричковски Езгјан Алиоски како и суспендираните Висар Муслиу, Илија Несторовски и Бобан Николов.

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот