reyam.sorte/Instagram

Фудбалер загина во Бразил, скокнал од водопад додека бил на излет

Трагични вести доаѓаат од Бразил, каде 27-годишниот фудбалер Рејaм Лукас го загубил животот по несреќа на водопадите Панкада Гранде.

Според првичните информации, несреќата се случила за време на излет со пријатели, кога младиот спортист скокнал во водата и не излегол повторно. По неколкучасовна потрага, спасувачките екипи заедно со локални волонтери го пронашле неговото безживотно тело.

Лукас беше дел од локалниот клуб Сонека Паредао, а воедно важеше и за познат спортски инфлуенсер со голем број следбеници на социјалните мрежи. Надлежните органи веќе отвориле истрага и наложиле обдукција за да се утврдат точните причини за трагедијата.

Од него се простуваат бројни пријатели и соиграчи, кои го опишуваат како личност полна со енергија и страст кон спортот, по што ќе остане запаметен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reyam Lucas  (@reyam.sorte)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот