Фрлени молотови коктели за вакцинација во Италија

Утринава, два молотови коктели биле фрлени во центар за вакцинација во Бреша. Во нападот никој не е повреден. Сличен напад бил извршен и врз Високиот институт за здравство во Рим.

Утринава, два молотови коктели биле фрлени во центар за вакцинација во Бреша. Во нападот никој не е повреден, а штетата била ограничена на еден дел од шаторот, во кој се наоѓала мензата за медицинските работници. Вакцините не се чувале во објектот, а материјалите што биле во него не се оштетени.

Градоначалникот на Бреша, Емилио Дел Боно, изјавил дека станува збор за збунувачки, неразбирлив и неприфатлив гест, додавајќи дека се чини дека станува збор за дело на поединец.

Сепак, тој прецизирал дека епизодата не ја загрозува активноста на центарот, која продолжила нормално утрово.

Сличен напад бил извршен и врз Високиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита.

Движењето против вакцинацијата е исклучително силно во Италија, а со избувнувањето на пандемијата, ситуацијата само се влоши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот