Фото: Јон Фрчкоски - СДСМ

Фрчкоски: Го објавуваме енергетскиот октопод на Мицкоски поврзан со СНС, „Руднап“ и Адамовиќ

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека е дел од бизнис мрежа во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија.

„Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност“, рече Фрчкоски.

Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“.

„Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“, нагласи Фрчкоски.

Мрежата во Србија, според него продолжува со компанја која се поврзува со проектот „Белград на вода“.

„Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?“, рече членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот