Фрчкоска: Задоволни сме од исказот на Стефанова

„Ние сме задоволни од исказот на Лиле Стефанова која практично потврди дека Јанева воопшто не ѝ се мешала, ниту ѝ сугерирала, ниту барала да не се работи предметот “Империја” ниту барала да не се преземаат дејствија против Камчев“, изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева, второобвинета во „Рекет“.

Таа додаде дека од исказот може да се види дека Јанева на ниту еден начин не е поврзана со она што ѝ се става на товар во оваа постапка и со оние дејствија поради кои се води овој предмет, а тоа е да даде позитивно мислење поради некои коруптивни дејствија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот