Францускиот премиер поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка на функцијата шеф на владата, соопшти Елисејската палата.

Со оваа одлука всушност во оставка е и целата влада, информираат француските медиуми. Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ќе има „нов владин тим”, потврдувајќи ја дебатата во медиумите за претстојните измени во составот на францускиот кабинет и не прецизирајќи дали Едуард Филип ќе остане премиер.

-Треба да се направи избор за да се тргне по нов пат. Тоа се новите цели за независноста, реструктуирањето, помирувањето и новите методи за нивно спроведување. Зад себе ќе имам нов тим, рече Макрон во интервју, за регионалните медиуми, без да даде детали за можните промена во кабинетот.

Говорејќи за Едуард Филип, кој во неделата, на општинските избори, победи на изборите за градоначалник на Авр, Макрон истакна дека премиерот во последните три години направи „прекрасна работа”.

-Ние спроведовме важни историски реформи – често во многу тешки услови. Тој спроведе важни реформи и изградивме однос на доверба кој е единствен за историјата на Петтата Република, рече францускиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот