Францускиот премиер го претстави планот за излез од рестриктивните мерки

Економскиот живот треба императивно да започне повторно и набрзо, со уредувања, со добра волја, рече францускиот премиер, најавувајќи дека ќе продолжи со поддршка за претпријатијата.

Францускиот премиер Едуар Филип, пред Сенатот (Горниот дом на францускиот парламент) го прецизира планот за излез од рестриктивните мерки кои се во сила од 17 март, од помош за најранливата категорија – младите, користењето заштитни маските, делумната невработеност, помошта за претпријатијата, јави дописникот на МИА.

Околу 800.000 млади на возраст под 25 години ќе добијат помош од 200 евра, таа се однесува на студентите кои ја изгубија нивната работа или стажот, како и студентите кои не успеаја да се вратат дома. Помошта од 200 евра се однесува за сите млади кои добиваат социјален додаток за стан.

Премиерот Едуар Филип истакна дека во Франција нема тајни резерви на заштитни маски, откако синџирите на супермаркети најавија од денеска нивна продажба. Овие маски во малопродажба имаат максимална гарантирана цена од 95 евроценти. Државата ќе финансира 50 отсто од цената на маските кои се за повеќекратна употреба кои ги нарачаа територијалните заедници. Додека државата е таа која ќе ги обезбеди со маски наставниците и школскиот персонал. Маската ќе биде задолжителна за учениците од шесто одделение па нагоре, ако не може да се почитува растојанието.

Враќањето на училиште започнува етапно од 11 мај.

– Економскиот живот треба императивно да започне повторно и набрзо, со уредувања, со добра волја, рече францускиот премиер, најавувајќи дека ќе продолжи со поддршка за претпријатијата.

Помошта од државата за парцијалната или делумна невработеност, за која државата ја финансира 80 отсто од нето платата, ќе продолжи до 1 јуни. Малите претпријатија ќе можат да добијат дополнителна субвенција до 5.000 евра, без разлика дали имаат вработени или не.

Религиозните свечености и церемонии, доколку санитарната ситуација не се влоши, ќе можат повторно да се одржуваат од 29 мај.

За вториот круг на општинските избори, односно датумот на неговото одржување треба да се почека 23 мај, исто како и за инаугурацијата на веќе избраните општински совети при првиот круг на изборите на 15 март.

– Единаесетти мај нема да биде почеток на безгрижноста, тоа ќе биде почеток на репризата. Потребно е да се ангажираме со внимателност и одговорност. Влогот на излегувањето од изолацијата е акт на колективна одговорност, рече Едуар Филип.

Сенатот вечерва ќе го разгледа предлог законот за излез од изолацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот