Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19

Фото; EPA-EFE/HORCAJUELO
Франција, најверојатно, ќе има четврти бран на Ковид-19, како резултат на повторување на случаите предизвикани од Делта варијантата на вирусот, првично откриена во Индија, изјави водечкиот научен советник на Франција, професорот Жан-Франсоа Делфрејси.
Сепак, Делфрејси денеска додаде дека воведувањето на вакцината против Ковид-19 ќе помогне во ублажување на влијанието на овој нов бран на вирусот, за кој многу медицински експерти сметаат дека може да ја погоди Франција до септември или октомври.
– Мислам дека ќе имаме четврти бран, но тој ќе биде многу поумерен од претходните три бранови, бидејќи нивото на вакцинација е поинакво од порано, изјави Делфрејси за француското радио.

Францускиот епидемиолог Арнауд Фонтанет, кој исто така ја советува француската Влада за научни прашања, за БФМ ТВ изјави дека очекува бројот на заразени со Ковид-19 во Франција повторно се зголемува во септември или октомври.

Министерот за здравство Оливие Веран на почетокот на неделава рече дека Делта варијантата на вирусот, поради чија стапка на ширење во светот некои земји повторно воведоа ограничувања за патувања, сега опфаќа околу 20 проценти од случаите во Франција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот