Франција: Стапи на сила здравствениот пасош во културните институции и спортските сали

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

За да се оди во кино, во музеј или во спортски установи, Французите сега мора да презентираат доказ за вакцинација или тест против Ковид-19, таканаречениот здравствен пасош.

Од денеска здравствениот лист станува задолжителен за овие места веднаш штом тие ќе имаат одобренија за да примат повеќе од  50 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Здравствениот пасош предизвика загриженост за директорите на кино салите кои стравуваат да не ги изгубат гледачите по особено тешката година. За Ричард Патри, претседател на Националната федерација на француски кина, кино салите се „третираат како лоши ученици”, иако досега немало наведен извор на контаминација, односно жариште на епидемијата.

Министерот за здравство Оливие Веран рече дека гледачите или посетителите, откако ќе бидат проверени дека се целосно вакцинирани или имаат неодамнешен тест кој е негативен, тогаш ќе можат да ја тргнат маската.

Веран истакна дека „вирусот се шири со молскавична брзина”, поттикнат од брзото ширење на варијантата Делта.

Француската Влада вчера го претстави нацрт-законот, со кој вакцинацијата се биде задолжителна за негувателите и медицинскиот персонал и со кој се проширува употребата на здравствениот пасош.

– Влеговме во четвртиот бран, рече портпаролот на владата Габриел Атал.

За 24 часа се евидентирани 18.000 нови случаи, што претставува зголемување на циркулацијата на вирусот од околу 150 отсто во текот на една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот