Фото: Pexels / Thorsten technoman

Франција од 1 јануари нема да прима имами од странство

Од 1 јануари Франција повеќе нема да прима нови имами испратени од други земји, рече денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо упатено до земјите на кои тоа се однесува.

По 1 јануари 2024 година муслиманските свештеници испратени од други земји кои уште се на француска територија нема да можат да останат таму со тој статус, наведува Дарменен во писмото.

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на 2020 година изрази желба да престане да прифаќа околу 300 имами испратени од различни земји (Алжир, Турција, Мароко…) и истовремено да го зголеми бројот на имами обучени во Франција.

Макрон, кој е решен да се бори против исламистичкиот сепаратизам, во февруари 2020 година објави серија мерки против „странските влијанија“ врз исламот во Франција, од имами испратени од други земји до финансирање џамии.

Имамите кои се веќе тука ќе мора да го сменат статусот. Од 1 април ќе се воспостави конкретна рамка за оние кои стопанисуваат со верски објекти сами да регрутираат имами и директно да ги плаќаат.

Целта не е да се спречат странските имами да проповедаат во Франција, туку да се осигура дека ниту еден од нив не е платен од странска држава.

Според новата регулатива, не е доведено во прашање пристигнувањето на околу 300 странски имами за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот