Градоначалникот на Делчево со апел: Собирањата во локалите ја влошува ситуацијата со коронавирусот

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и со свој личен пример да придонесат во зачувување на колективното здравје. Неговата изјава е реакција на зголемениот број позитивни случаи на коронавирус во Делчево и на лицата кои се во самоизолација.

– Ова што се случува по рестораните и кафулињата во Делчево, само уште еднаш ја покажува неодговорноста на поединци која може да доведе до ситуација, кога во државава се смирува епидемијата, тука да почне да се разгорува. Делчево беше град, каде со месеци немаше ниту еден случај со коронавирусот. Затоа, апелирам на лична одговорност до секој еден жител на општината, не го загрозувајте здравјето на вашите родители и пријатели, бидејќи никој не може да ве заштити, ниту локалната, ниту државата, ниту СЗО, ако самите не го направите тоа – вели Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот