ФОТО+ВИДЕО | „Среќата е закон овде“: Хрватска инфлуенсерка отишла во земја каде влезницата е 100 евра на ден
Патничката и инфлуенсерка Вана Бојовиќ (31) од Загреб посетила повеќе од 147 земји во светот, а своите патнички искуства сака да ги споделува на социјалните мрежи.
Препорачано
Во мај оваа година, таа отпатувала во Бутан – мало, изолирано кралство скриено меѓу планините помеѓу Индија и Кина. Она што го доживеала таму, како што вели, е сосема различно од сè што видела досега.
Постои влезница
„Оваа земја наплаќа влезница од 100 евра дневно по лице“, рече Вана и објасни дека на овој начин Бутан го контролира бројот на туристи и го штити својот идентитет, природната средина и културното наследство.
„Добредојдовте во Кралството Бутан, земја сместена помеѓу гигантите Индија и Кина, и за разлика од кое било друго место во светот, Бутан не го мери напредокот според БДП, туку според бруто националната среќа – филозофија која вели дека вистинскиот напредок доаѓа преку колективна благосостојба и квалитет на живот, не само преку економски раст“, напишала Вана и додаде: „Во Бутан, среќата не е луксуз, туку закон“.
Нема семафори, но ја има најубавата и најопасна аеродромска писта
Друг детаљ што таа го издвои како особено интересен е тоа што во Бутан нема семафори. Сепак, тоа не значи дека сообраќајот не функционира. Напротив, сè е средено и подредено на природниот ритам на животот. Исто така, Бутан може да се пофали со еден од најопасните, но и најубавите аеродроми во светот.
View this post on Instagram
Според законот – традиционална облека и архитектура
„Жителите ја носат својата национална облека секој ден, а ова е задолжително и во училиштата и јавните институции. Веднаш ми дадоа една“, рекла таа.
Законите предвидуваат дека зградите во земјата мора да го следат традиционалниот стил на градба, без оглед на нивната намена.
„Дури и аеродромот мора да изгледа традиционално. Овој аеродром е еден од најубавите што сум ги видела“, додала Вана.
Бутан го избира квалитетот пред квантитетот
Вана, исто така, истакна дека целта на Бутан е да привлече туристи кои навистина сакаат да ја запознаат културата и природата на оваа земја, а не да доаѓаат површно и масовно.
„Денес, Бутан строго ја зачувува својата култура и животна средина. Повеќе од 70 проценти од територијата е покриена со шуми, а државата го штити ова со наплата на дневен данок за престој од 100 евра“, објаснила таа, додавајќи дека оваа цена всушност е намалена, бидејќи претходно изнесувала дури 200 евра дневно.
„Сето ова го направија за да обезбедат туризам со висока вредност и ниско влијание. Тие не сакаат маси, туку вистински посетители, кои се љубопитни и кои имаат почит и добри намери“, заклучила таа.
„Вака се сака сопствената земја“
Нејзините следбеници на Инстаграм и на Тикток редовно следат сè што објавува, а видеата и приказните од Бутан предизвикаа посебен ентузијазам.
„Тие ја штитат својата земја од пороците што владеат со светот“; „И воведоа такса. Повеќето туристи не знаат како да се однесуваат дури ни дома, а камоли во ваква земја“; „Според мене, лудо е да се платат 100 евра за влез, но земјата изгледа прекрасно“; „Ова е прекрасно и уникатно“; „Магичен свет“, се само некои од многуте коментари што се појавија под објавата
View this post on Instagram


