ФОТО+ВИДЕО | Револуционерна иновација: Млад научник на 14 години создаде сапун кој лекува рак на кожата

Хеман Бекеле Фото: Facebook / Fairfax County Public Schools

Четиринаесетгодишно момче е прогласено за најдобар млад научник во Америка затоа што создаде лесно достапен сапун кој лекува рак на кожата, пишува „Дејли мејл“.

Хеман Бекеле, кој е деветто одделение во средното училиште „ВТ Вудсон“ во Анандејл, Вирџинија се соочи со девет други финалисти на натпреварот „3М јанг саентист челинџ“ („3M Young Scientists Challenge“) за 2023 година и ја однесе главната награда од 25.000 американски долари.

Хеман Бекеле Фото: Facebook / Fairfax County Public Schools

Бекеле го создаде сапунот за борба против ракот на кожата со внесување на медицински сапун со три состојки за кои е откриено дека ги реактивираат дендритичните клетки кои генерираат имунолошки одговор во борбата против ракот.

Во видеото на Бекеле за конкурсот објаснува дека трите состојки, салицилна киселина, гликолна киселина и третиноин, се кератолитички агенси кои ги разградуваат надворешните слоеви на кожата.

Хеман Бекеле Фото: Facebook / Fairfax County Public Schools

Неговиот сапун не само што помага во борбата против ракот на кожата, туку Бекеле открил дека секое парче сапун чини само 0,50 долари, во споредба со повеќе од 40.000 долари кои се потребни за тековни медицински третмани.

Хеман Бекеле Фото: Facebook / Fairfax County Public Schools

„Ракот на кожата најчесто се наоѓа кај луѓе кои живеат во земјите во развој“, рече Бекеле.

Во текот на следните пет години, Бекеле се надева дека ќе ја усоврши оваа нова иновација и ќе создаде непрофитна организација која ќе го дистрибуира ова евтино решение до сиромашните заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот