Фото: „Слободен печат“

ФОТО+ВИДЕО | Прво наше учество на престижниот избор за убавина: Теа Ѓоргиевска ќе ја претставува Македонија на светскиот Мис Универзум

На гламурозна манифестација во Националната опера и балет, во вторникот беше избрана првата Македонка, која ќе нè претставува на престижниот избор за убавина – Мис на Универзум, кој годинава ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити.

Во конкуренција од 20 финалистки, ласкавата титула отиде во рацете на 21-годишната Теа Ѓоргиевска од Куманово.

„Се пријавив на овој избор за да ги поместам сопствените граници, да си докажам самата на себе и на сите околу мене дека можам многу, дека сум многу храбра и многу самоуверена. Би сакала да се поправам во секоја смисла, да учам и да осознавам“, изјави Ѓоргиевска.

Фото: „Слободен печат“

Исто така, победничката доби и годишен договор во вредност од 50.000 евра со турската модна агенција „Даман“, која го организираше изборот.

Најубавата Македонка ја избра жири-комисија, составена од манекенката Светлана Црнокрак, водителката Ирена Спировска, пејачката Аделина Тахири, шминкерот и фризер Даниел Николовски, естетскиот хирург д-р Роберт Стојовски, дизајнерот од Либан Фуад Саркис, актерот и модел Стефан Пјер, турската актерка Ебру Дестан, како и Мердита Рамадани.

Како критериуми, покрај убавината, беа земени предвид ставот и одењето, акцентот на изразувањето на девојките, странските јазици што ги зборуваат, нивната цел во животот и идејата како би ја претставиле нашата земја во светот.

Фото: „Слободен печат“

Водители на настанот беа Татјана Стојановска, Борислав Тноковски и Бојана Тевчева.

– На изборот на Мис Универзум има само едно ограничување, кандидатката да биде полнолетна. Битна е убавината на жената во универзална смисла – рече Татјана Стојановска.

Пејачката Тамара Тодевска ја испеа евровизиската песна „Proud“ во ревијалниот дел од настанот, нумера што многумина ја сметаат за женска химна.

Мис на Универзум минатата година се одржа во Сан Салвадор, а круната ја однесе 23-годишната Шинис Паласиос од Никарагва. Минатогодишниот избор беше впечатлив и по тоа што во финалето поминаа и две трансродни кандидатки, што беше прв ваков случај во историјата, а тоа беа убавиците од Португалија – стјуардесата Марина Машечи и Рики Коле од Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот