ФОТО+ВИДЕО | Посетителка случајно скрши скулптура вредна 42 илјади долари

„Куче од балони“ на Џеф Кунс/Фото: Профимедиа

Посетителка на Саемот за уметност во Мајами случајно ја скршила скулптурата „Куче од балон“ на уметникот Џеф Кунс, чија вредност е 42.000 долари, пишува „Гардијан“.

Фото: Профимедиа

Инцидентот се случил при ВИП посетата на уметничката галерија „Арт Винвуд“, а некои колекционери мислеле дека се работи за перформанс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Penny Byrne (@pennb)


– Видов дека една жена стоеше таму, ја чукаше скулптурата, по што таа падна и се искрши на илјадници парчиња – рекол еден од присутните уметници Стивен Гамсон, објаснувајќи дека жената тоа го направила за да види дали е тоа вистински балон.

Скршената скулптура беше дел од познатата серија на Кунс „Кучиња од балони“. Овој уметник црпи инспирација од секојдневни предмети, вклучително и животни направени од свиткани балони, а неговите дела доведуваат во прашање што е ликовна уметност. Некои од нив се продадени за неверојатни 91 милион долари.

Скулптурите „Кучиња од балони“ се разликуваат по големина, па така најмалите не се повеќе од 30 сантиметри, додека најголемите се високи над три метри.

Фото: Профимедиа

Друг посетител случајно снимил видео на кое се гледа како жена ја допира скулптурата, која набргу потоа се срушила и се скршила, а на видеото се слуша како некој вели: „Не ми се верува дека некој би ја урнал“.

Проценувачот на уметност во компанијата „Бел ер фајн арт“, Бенедикт Калух, рекол дека жената немала намера да ја скрши скулптурата и дека осигурувањето ќе ја покрие штетата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Koons (@jeffkoons)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот