ФОТО+ВИДЕО | Полицијата упадна на Универзитетот Колумбија, уапсени околу 50 пропалестински демонстранти

Полиција упадна во кампусот на Колумбија/ Фото: EPA-EFE/STEPHANI SPINDEL

Полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот Колумбија упадна синоќа во универзитетската зграда Хамилтон хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитет е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн.

Полиција упадна во кампусот на Колумбија/ Фото: EPA-EFE/STEPHANI SPINDEL

Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на Универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот.

Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати.

Полиција упадна во кампусот на Колумбија/ Фото: EPA-EFE/STEPHANI SPINDEL

Од Универзитетот изјавија „откако холот беше окупиран, вандализиран и блокиран, ние немавме друг избор“.

-Некаде кај 9 часот вечерва полицискиот оддел на Њујорк пристигна во кампусот по барање на Унверзитетот. Одлуката е донесена да се обнови безбедноста и поредокот во нашата заедница, изјавија од Колумбија.

„Си-ен-ен“ дозна дека администрацијата на универзитетот дозволила присуство на њујоршката полиција на кампусот до 17 мај, два дена по дипломската прослава на студентите од четврта година.

Во повеќе универзитети во САД се одвиваат студентски протести со барања да се бојкотираат компаниите и лицата поврзани со Израел и неговата војна во Газа. Колумбија ги предводи овие протести откако пред две недели постави камп со шатори во дворот на оваа престижна високообразовна институција.

Полиција упадна во кампусот на Колумбија/ Фото: EPA-EFE/STEPHANI SPINDEL

Раководството на Универзитетот по повеќедневни преговори побара растурање на кампот.

Претседателот Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, а „насилно заземање на згради не е мирен протест, тоа е погрешно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот