ФОТО+ВИДЕО | По 23 години: Во Лас Вегас е отворен хотел вреден 3,7 милијарди долари, ноќевање чини 5.000 долари

Фото: Принтскрин / Икс / FONTAINEBLEAU LAS VEGAS

Хотелската компанија „Фонтенбло“ во Лас Вегас конечно го отвори одморалиштето кое беше во изградба 23 години, а кое вреди  3,7 милијарди долари.


Уште во 2000 година беше купено земјиштето на кое е изградено одморалиштето, а самата изградба започна во 2007 година. Потоа, беше прекината поради рецесијата, а во тој момент беа изградени 70 отсто од одморалиштето. Суспензијата траеше цели 12 години, а изградбата продолжи веднаш по почетокот на пандемијата на коронавирусот.


„Фонтенбло“, кој има шест ѕвезди, нуди сосема ново ниво на елеганција. Овој хотел нуди поглед на целиот Лас Вегас.

Брет Муфосн од „Фонтенбло“ изјави дека ресортот е прилагоден на потребите на секој гостин, оставајќи впечаток дека сте дома.

 


Ова одморалиште има апартмани со големина до 1.000 квадратни метри, како и огромни пентхауси. Сите апартмани и споменатиот пентхаус се дизајнирани од студиото на прочуениот ирски архитект Дејвид Колинс.

Цените за ноќевање се движат од 300 до 5.000 долари, додека на гостите им е достапна и личната услуга.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот