ФОТО+ВИДЕО | Најмладиот син на Мајкл Џексон конечно се појави во јавноста, сите го паметат по бизарната сцена

Најмладиот син на починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон се најде во центарот на вниманието за да ги истакне климатските промени.

Биги Џексон – кој е роден како Принц Мајкл Џексон Втор и порано познат како Бланкет – имаше ретко ТВ-појавување за да ги повика светските лидери да преземат акција, следејќи ги стапките на неговиот покоен татко како заштитник на животната средина, пишува „Пејџ сикс“.

Bigi danas ima 19 godina
Фото: Профимедиа

Деветнаесет годишното момче зборувало во емисијата „Добро утро Британија“ во понеделникот на трилер-забавата на неговиот брат принц Џексон за „Ноќта на вештерките, која собра средства за фондацијата „Heal Los Angeles“ и се одржа на имотот на нивното семејство во Лос Анџелес, Калифорнија.

„Мислам дека е важно сите да знаеме за тоа“, рекол Биги за климатските промени во пресрет на самитот COP26 на Обединетите нации. „И мислам дека имаме работа за извршување, но нашата генерација знае колку е тоа важно.“

Инаку, тинејџерот Биги се држи подалеку од центарот на вниманието по смртта на неговиот татко во 2009 година.

– Има многу историја во оваа куќа и студио. Тоа е сè што тој сакаше. Тоа е сè што секој од нас сака да направи – да направи работи во кои луѓето ќе можат да уживаат и што ќе им донесе одредена корист – рекол тој.

Биги имал седум години кога починал неговиот татко, по што го одгледале неговата баба Кетрин, како и неговиот брат и сестра Парис (23). Во моментот живее во куќа од 6.300 квадратни метри во Калабасас, Калифорнија, која ја купил минатата година, а се наоѓа во ексклузивна населба каде што свои имоти имаат и Џон Траволта и Д-р Дре.

Bigi kao dečak sa bratom i sestrom
Фото: Профимедиа

Шармантниот 19-годишник уште во 2012 година во документарниот филм „Jacksonology: Our Story“ изјави дека не планира да ги следи музичките стапки на својот татко. Денес тренира боречки вештини и се занимава со играње видео игри.

„Понекогаш одев во собата на татко ми додека тој се подготвуваше за настап и го гледав. Тој беше добар, многу добар танчер. Јас не умеам да танцувам ниту да пеам. Не сум тип кој знае да пее и да танцува Кога ќе пораснам, сакам да бидам режисер, затоа што е забавно, а сега снимам кратки филмови кога сум дома со роднините и пријателите. Татко ми ми рече дека е добро да го следам она што сакам да го правам“, рекол тој своевремено.

Да потсетиме, Биги, неговиот брат и сестра во детството, додека Мајкл Џексон беше жив, најчесто се појавуваа со маска на лицето, бидејќи пејачот сакаше нивниот идентитет да остане таен за да имаат нормално детство.

Princ Majkl Džekson II
Фото: Профимедиа

Инаку, Џексон го доби третото дете на 21 февруари 2002 година, а го роди сурогат-мајка непозната за јавноста. Мајкл го нарече синот Бланкет, а во 2017 година момчето призна дека со години минува низ врсничко насилство поради тој прекар.

Да потсетиме, Мајкл Џексон му го покажа Биги на целиот свет кога го крена високо над оградата на терасата на еден хотел во Берлин. Интересно е и тоа што токму Биги е детето кое најмногу потсетува на Џексон, барем пред пластичните операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот