ФОТО+ВИДЕО | Македонски убавици освоија две титули на „Мис Европа 2022“

Ана Брзанова и Мија Стерјовска
Ана Брзанова и Мија Стерјовска / Фото: МИА

Вчера се одржа годинашното издание на изборот за убавина „Мис Европа“ во Бејрут, на кое македонските претставнички постигнаа голем успех. Имено, Мија Стерјовска ја освои титулата Втора придружничка во конкуренција на 30 девојки од Европа, а Ана Брзанова стана „Мис пријателство“.

Ова ѝ е дебитантски настап на едно вакво натпреварување за убавина на 17-годишната Мија Стерјовска.

„Горда сум што ја претставив Македонија во најдобро издание. Ова е мој прв избор и за цело време голема поддршка и помош добивав од мојата цимерка Ана Брзанова и таа има голем дел од заслугата за мојата титула. Благодарност до Светле и Мики Црнокрак кои веруваа во мене, како и до компанија „Рапид Билд доо Куманово“ која ми го овозможи патувањето во Бејрут. Овде морам да ја спомнам и Невена Димковска која ми ги обезбеди најголемиот дел од свечените тоалети во кои продефилирав за време на 15-дневниот престој во Либан“, изјави Стерјовска за МИА.

Мија Стерјовска / Фото: МИА

И Мија и Ана се членки на модното студио „Црнокрак“ кое ја поседува лиценцата за најпрестижниот Европски избор за убавина.

„Иако немав големи очекувања, знаев дека Македонија заслужува уште една титула. Благодарна сум на модното студио „Црнокрак“ за укажана можност да се претставиме ние и Македонија во најдобро светло, за што зборуваат и резултатите. За мене ова беше прекрасно искуство. Се надевам на уште заеднички патувања и титули со Мија со која бевме извонредно дуо“ изјави Брзанова за МИА.

Ана Брзанова
Ана Брзанова / Фото: МИА

Победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот