Фото: EPA/Juan Ignacio Roncoroni

ФОТО+ВИДЕО | Хаос во Буенос Аирес: Аргентинци и Чилеанци имаа жестока пресметка

Големи нереди го одбележаа натпреварот од Копа Судамерикана помеѓу Индепендиенте и Универсидад де Чиле, одигран во Буенос Аирес, кој беше прекинат во второто полувреме при резултат 1-1 поради жестоки судири меѓу навивачите на двата клуба.

Како што пренесува „Ел Паис“, организацијата на натпреварот била катастрофална, а полицијата задоцнила со реакција додека на трибините веќе владеел целосен хаос. Социјалните мрежи се преплавени со шокантни снимки, на кои се гледаат тешко повредени навивачи на Универсидад де Чиле, некои од нив во бессознание.

Според официјалните информации, девет лица се пренесени во болница, додека еден навивач е во критична состојба и се бори за живот.

Инцидентите наводно започнале кога чилеанските навивачи, незадоволни од тоа што биле сместени на горниот „прстен“ од стадионот, почнале да кршат инвентар и да фрлаат пиротехника и предмети кон домашните фанови.

Фото: EPA/Juan Ignacio Roncoroni
Фото: EPA/Juan Ignacio Roncoroni
Фото: EPA/Juan Ignacio Roncoroni

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот