ФОТО+ВИДЕО | Емотивен пречек: Македонската претставничка на детската Евровизија пречекана со прегратки од соучениците

Фото: Фејсбук/„Евровизија Македонија“/Инстаграм/Тамара Грујеска

Талентираната Тамара Грујеска е нова надеж на македонската музичка сцена, девојче кое со својот прекрасен глас и интересен сценски настап достоинствено ја претстави Македонија на годинашното издание на детската Евровизија.

Таа е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде професорите и учениците ѝ приредија емотивен пречек по нејзиниот успешен настап на овој престижен меѓународен фестивал за деца.

Фото: Инстаграм/Тамара Грујеска

Младата пејачка била пречекана со громогласен аплауз и силни прегратки од децата кои учат во нејзиното училиште.

„Ви благодарам од срце за прекрасниот и незаборавен дочек омилени мои соученици!

Благодарност до основното училиште ‘Гоце Делчев’ во Гостивар, директорката Гордана Мојсовска и омилените наставнички Тодорка Крајческа и класната раководителка Мира Ангелковска.

Ве сакам сите“, напиша таа на својот инстаграм-профил, каде сподели видео од емотивниот пречек.

Да потсетиме, Тамара Грујеска ја претстави Македонија на 21. издание на детската Евровизија со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

Годинашниот музички натпревар се одржа на 26 ноември, во Ница, Франција. Нашата претставничка настапи со реден број 6, а го освои 12 место во конкуренција од 16 земји учеснички.

Победата отиде во рацете на француската претставничка Зое Клозир, која ги освои симпатиите на европската публика со песната „Cœur“. Ова е трета победа на Франција на детската Евровизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот