ФОТО+ВИДЕО | „Доста е со ботоксот“: Аријана Гранде се кае за естетските корекции на лицето

Аријана Гранде / Фото: Инстаграм/Аријана Гранде/EPA

Американската пејачка Аријана Гранде е позната по својот прекрасен глас, но и по специфичната убавина. Во прилог за модното списание „Вог“, сега таа ја покажа својата рутина на шминкање и призна дека се кае за одредени естетски процедури од минатото.

Гранде призна дека своевремено била зависна од естетски корекции и дека користела филери за усните и ботокс на лицето. Но, во 2018 година решила да престане да го прави тоа, бидејќи сфатила дека претерала.

„Низ годините, ставив еден тон филери за усни и ботокс на лицето. Но, престанав во 2018 година затоа што едноставно чувствував дека е премногу. Имав чувство како да се кријам. Долго време убавината беше невидлива за мене, а сега кога престанав да користам филери и ботоксот, имам чувство дека, можеби, не е невидлива“, изјави пејачката во својата искрена исповед.

Аријана Гранде во 2010 година / Фото: EPA/JASON SZENES

Иако сега не ја интересираат естетските корекции, таа не ја исклучува можноста во одреден момент да се премисли и повторно да ги користи.

„Можеби еден ден ќе почнам повторно, не знам. Сите знаат што им се допаѓа. Што и да прави да се чувствувате убаво, јас го поддржувам. Дали ќе одам на ‘фејслифтинг’ за десет години? Можеби”, вели Гранде.

Аријана Гранде денес / Фото: B4859 / Avalon / Profimedia

Исто така, таа додаде дека нејзината перцепција за убавината се променила во текот на изминатите неколку години. Денес верува дека стареењето е многу убава работа, а не нешто од кое треба да бегаме.

„Низ годините користев шминка како маска или како нешто зад што можам да се скријам. Од иста причина имав и големи фризури. Повеќе коса, подебела линија од моливот за очи. Е, тоа понекогаш може да биде убаво, но како што стареам – повеќе ми се допаѓа она што е однатре“, изјави пејачката.

ВИДЕО | „Изгледаш болно“: Аријана Гранде им одговори на оние кои ѝ го критикуваат изгледот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот