ФОТО+ВИДЕО | Битолчани и покрај студот, уживаа во „Зимската приказна“ со звуците на „Фолтин“

Фолтин/Printscreen/Youtube
Фолтин/Printscreen/Youtube

На платото на реконструираниот Офицерски дом вчера вечер започнаа случувањата за прославата на Новата 2022 година кои се во организација на Општина Битола, а насловени како “Зимска приказна“.

Честа први да започнат да ја “раскажуваат“ “Зимската приказна“ ја имаа битолските ди-џеи и битолската група “Фолтин“, која успешно ја „загреаја“ атмосферата.

Иако температурите во Битола вчера вечер беа под нулата, сепак голем број битолчани и љубители на музиката на Фолтин дојда на концертот, а покрај музиката, за загревање имаше топло варено вино, чај и кафе од штандовите кои ќе бидат на платото пред Офицерскиот дом до крајот на „приказната“.

Зимска приказна/Bitola News
Зимска приказна/Bitola News

Пред и по настапот на „Фолтин“, битолчани, посебно помладите и тинејџерите имаа можност да се забавуваат со битолските ди-џеи и нивните сетови: Ricardo, T-Zone, Acika, Danny-L…

„Зимската приказна“ ќе трае наредните 7 дена и ќе има богата музичка програма.

Во духот на познатите европски новогодишни настани, и на битолскиот има штандови на кои има пијалоци, ракотворби, интересни јадења и за најмалите има фото-агол за фотографирање со Дедо Мраз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот