Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Андријана Јаневска на роденденско патување: Пејачката уживаше во празничната магија на Братислава и Виена

Македонската пејачка Андријана Јаневска своето слободно време најчесто го посветува на семејството и заедничките патувања на интересни дестинации. А, декември е месец кога многумина одлучуваат да заминат на патување во европските метрополи за да ја почувствуваат новогодишната и божиќна магија.

Андријана, овој пат уживаше во знаменитостите и празничните атракции на Виена и Братислава заедно со своите синови Димитар и Христијан. Во убава предновогодишна атмосфера пејачката го одбележа и својот 44. роденден.

Таа на своите социјални мрежи сподели низа фотографии и видео во кои ги одвои најважните моменти од ова кратко бегство од секојдневието.

„Прекрасен роденденски викенд во Виена и Братислава со семејството“, напиша Андријана покрај објавата.

Интервју со Андреа, Ана и Рената: Постои синергија меѓу нас, уживаме додека се подготвуваме за Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот