ФОТО+ВИДЕО | Алиша Кис ги изненади патниците на железничка станица во Лондон, свиреше на пијаното на Елтон Џон

Алиша Кис
Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Американската пејачка и кантавторка Алиша Кис имаше необичен и неочекуван настап на железничката станица „Сент Пакрас“ во Лондон, Велика Британија.

Имено, добитничката на 15 музички награди Греми ја направи својата музичка изведба на црно пијано, донирано на станицата од британскиот пејач Елтон Џон.

Кис пееше и свиреше десетина минути, а насобраната публика ја фотографираше и силно ѝ аплаудираше.

Фото: Avalon / Avalon / Profimedia

Таа ги отпеа нејзините четири хита, „Empire State of Mind“, „If I Ain’t Got You“ и „No One“, како и песна од новиот игран филм „Бојата на пурпурот“ („The Color Purple“), кој е филмска адаптација на истоимениот роман на Алис Вокер од 1982 година, а книгата имаше и свој мјузикл од Бродвејскиот театар. „Бојата на пурпурот“ ќе ја доживее својата премиера на 25 декември годинава.

Алиша Кис пристигна во Лондон за да настапи на концерт во О2 арена, во организација на една британска радиостаница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот