Фотомедија 2020: Отелотворени трендови во фотографската уметност

Фото-клубот „Елема“, покрај сите ограничувања предизвикани од пандемијата на ковид-19, остана достоен на својата мисија и успеа да ја организира 17-тата биенална изложба на фотографска уметност „Фотомедија“, која ќе биде отворена на 10 ноември во објектот „Мала станица“ при Националната галерија. Станува збор за уметничка изложба на принт-фотографии, која веќе има голема репутација кај домашната, но и светска јавност.

– Со оглед на големиот број пристигнати фотографии, учеството на многу автори од целиот свет и, секако, квалитетот на пристигнатите дела, изложбата ќе ги потврди естетските критериуми изградени низ своето повеќедецениско постоење. Во ситуација кога сѐ е драстично поразлично, а условите отежнати, сепак, мотивите и благородната мисија да продолжиме со промоцијата на светските трендови во фотографската уметност, сѐ уште, се присутни и се отелотворуваат.

Екипата на ФК „Елема“, која заедно со членовите на жирито работеше на подготовката на изложбата

Посебна благодарност сакам да упатам на сите фотограф(к)и, кои со нивното учество на изложбата се спротивставија на општата затвореност на државите и ги пробија цврстите граници и ограничувања со кои се соочуваме. Особено сум благодарен на членовите на жирито, кои најдоа начин да дојдат и да го спроведат жирирањето на високо ниво. Голема благодарност и почит за вложената енергија и време упатувам и на членовите на фото-клубот „Елема“, кои безрезервно се посветија на успешната реализација на изложбата – истакнува Вацлав Лукиќ, претседател на ФК „Елема“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 55, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7-8 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот