ФОТОГАЛЕРИЈА: Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев / Фото: Влада на РСМ

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, владина делегација составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на премиерот, Драган Василевски, денеска положи цвеќе и оддаде почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.

Ковачевски: Борбата за слобода и придонесот на револуционерите за независна македонска држава е денешен мотив

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев / Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод денешниот празник посочи дека континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Македонија да создадеме европска и напредна држава.

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев / Фото: Влада на РСМ

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев / Фото: Влада на РСМ

Македонија го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот