ФОТОГАЛЕРИЈА | Скопје послатко од кога било: „Денови на медот“ во главниот град

Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Денес, во срцето на главниот град се одржува традиционалната манифестација „Денови на медот“. Граѓаните како вредни пчели брзаат „од цвет на цвет“ (од тезга на тезга) во потрага по најубавата тегла мед или парче саќе.

Манифестацијата се одржува на улица Македонија во центарот на Скопје, а учествуваат пчелари од цела земја, а оваа традиција опстојува 17 години, во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Дегустирање, совети, препораки и секако богат избор на пчелини производи се само дел од понудата во која може да уживаат посетителите на манифестацијата.

Покрај прехрамбени производи, проиводителите на пчелини производи нудат и богат избор на природна козметика, природни лекови, матичен млеч со бројни лековити својства како и интересни уметнички дека создадени од пчелин восок.

Во земјава има околу 6.000 пчелари со околу 230.000 пчелни семејства. Најголемиот број пчелари се занимаваат со пчеларство од хоби, а само 10 до 15 отсто се занимаваат профсионално со оваа професија.

Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот