ФОТОГАЛЕРИЈА: Маскирани дечиња го разубавија Скопје, иако Арсовска заборави на Априлијадата

Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Супермени, принцези, цвеќиња, колачиња, кловнови, пчелички и многу други маскирани дечиња дефилираа денеска низ Скопје на Денот на шегата. Првоаприлските маски уште еднаш ја покажа креативноста на родителите и на децата, особено детската желба барем еден ден да бидат јунаци од нивната фантазија или некој омилен лик од детските приказни и филмови.

Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Четири општини и тоа Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел се погрижија за највеселиот детски ден да обезбедат и многу забава, музика, но и награди за најдобрите маски.

На манифестацијата „Шеговил“ во Кисела Вода, која се одржа пред салата „Расадник“ се собраа повеќе од 1.000 маскирани деца, за кои беше организиран и забавен парк со вртелешки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посочи дека жири-комисијата имала навистина тешка задача од прекрасните маски да ги избере трите најдобри, за кои беше обезбеден таблет и слатки пакети.

Креативни, оригинални, одлични маски денеска продефилираа и во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“, која Општината ја организираше во соработка со училиштата и градинката.

Најважно од сѐ е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација, затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица – посочи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

За жал, годинава потфрли Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, па изостана традиционалната Априлијада на Градскиот плоштад. Оттаму не одговорија на прашањата зошто градското раководство ништо не организираше за Денот на шегата, денот кога Скопје живее и се радува поради детските насмевки.
Сепак, тоа не ги спречи родителите, па дури и некои градинки и училишта да ги прошетаат маскираните дечиња на градскиот плоштад каде што ги развеселија минувачите, но за нив немаше никаква забава, па им преостана само да свртат круг на плоштадот и да ги покажат своите маски.

Можеби догодина Градот ќе се сети навреме дека и најмладите жители заслужуваат внимание, барем на нивниот омилен Ден на шегата.

Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Маскенбал/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот