ФОТО | Жолти полиња и безброј спомени до родниот град: Александра Шијакоска објави емотивна порака за своето семејство
Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска објави прекрасна фотосесија направена на жолтите полиња во Битола. Во нејзин препознатлив стил, полн со благодарност, љубов и топлина, сподели драгоцени моменти поминати со семејството и ја долови убавината на летото во родниот град.
Препорачано
Покрај фотографиите од мирните полиња, овојпат таа го држи во раце најновиот и најсладок член на семејството, нејзиното бебе.
– Август, 2025. Преубаво, топло лето во мојот роден град. Со моето семејство – сите на број, плус најмалиот и најважниот член. Дедо полни 93, фамилијата и родителите се тука, внуците растат, многу од пријателите се далеку, но ги чекаме да се вратат. Животот си тече. И јас пак, традиционално, со слики од полиња – овојпат со бебенце во рацете. Фала му на Господ за уште едно лето на оваа преубава земја. Да дочекаме уште многу – напиша Шијакоска во објавата.
View this post on Instagram
Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го изговорија судбоносното „да“ пред две години, а станаа родители на синот Ријан во ноември минатата година.
Весели ѝ беше најголема поддршка на Шијакоска додека ја водеше тешката здравствена битка со туморот на мозокот, случај за кој лекарите велеа дека бил еден од најкомплицираните со кои се сретнале.


