ФОТО | Жена провали во домот на Роберт де Ниро и сакаше да му ги украде божиќните подароци

Фото: EPA/Profimedia

Една жена е уапсена откако била фатена како, наводно, се обидува да ги украде божиќните подароци во домот на актерот Роберт де Ниро во Њујорк, објави „Би-би-си“.

Полицијата ја видела жената како влегува во подрумот на зградата и потоа пронашла траги на насилно влегување. Таа веќе ѝ била позната на полицијата по бројните апсења за грабеж.

Според американскиот медиум „Еј-би-си њуз“, 79-годишниот Де Ниро веднаш се симнал во пижама откако слушнал метеж.

Портпаролот на легендарниот актер изјави дека тој е добро и додаде дека обидот за грабеж се случил во домот што привремено го изнајмува.

Портпаролот на њујоршката полиција објасни дека полицајците ја следеле жената до станот и ја фатиле во дневната соба кога се обидувала да ги земе подароците кои биле под елката. Полицајците не знаеле дека актерот живее тука.

Апсењето на жената која се обидела да го ограби познатиот актер / Фото: New York Daily News/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот