ФОТО | „Зборот ѝ е алтан, умот како универзумот“: Адријана Алачки ѝ го честиташе роденденот на ќерката

Адријана Алачки и Грациела Алачки
Фото: Фејсбук, Адријана Алачки

Пејачката на народна музика, Адријана Алачки ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка Грациела, која денес полни 33 години. Покрај емотивната честитка, таа сподели и неколку фотографии од семејниот албум.

„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци.

На 15 март 1989 година дојде на свет душата мајкина, белата самовила. Немаше посреќна мајка од мене. Сонот стана јаве. Ти благодарам Господе. Веќе ништо не беше како порано, не постои „јас“, постои нејзиното височество „таа“. Првиот плач, солза, чекор, збор… Кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер – истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател, без интереси, без услови. Кога зборот ѝ е алтан, умот како универзумот, душата како океаните за да може да собере сѐ. Но, кога се подготвува бура, таа умее да ги распне своите едра и да му пркоси на ветрот и невремето. Е, таква е мојата Граци, среќа мајкина.

Сине, да ти е среќен роденденот, да си ми здрава и жива, да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство. Дај Боже, и ти да си толку горда мајка, како јас со тебе.“

Како потсетување, пејачката беше во брак со музичарот Горан Алачки, со кого се разделија во 2011 година. Покрај ќерката Грациела, тие го имаат и синот Благоја.

Па, Граци – среќен роденден!

ФОТО | „Ѝ планини ќе поместам за нив, мојата душа и живот“: Андријана Алачки на ручек со својата ќерка Грациела и внуката Јана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот