ФОТО | Започна снимањето на филмот за оперската дива Марија Калас: Први фотографии од Анџелина Џоли на сетот

Фото: CNP/AdMedia / ADMedia / Profimedia//KEYSTONE Pictures USA / Zuma Press / Profimedia

Во Бугарија започна продукцијата на биографскиот филм „Maria“ за најголемата оперска дива на сите времиња, Марија Калас. Магазинот „Вараети“ ги објави првите фотографии од сетот на кој можеме да ја видиме Анџелина Џоли во главната улога.

Режисер на филмот е Пабло Ларин, кој ги режираше филмовите номинирани за Оскар, „Jackie“ и „Spencer“. „Maria“ ќе биде последниот филм од режисерската трилогија биографски филмови за влијателни жени од минатото.

Фото: Инстаграм/„Вараети“

Според официјалниот опис на претстојниот биографски филм, приказната ќе го следи животот на легендарната и контроверзна пејачка, а во фокусот на филмот ќе бидат нејзините последни денови поминати во Париз во 1970-тите.

Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, креаторот на хит-серијата „Peaky Blinders“, а покрај Анџелина Џоли, во филмот играат и Пјерфранческо Фавино, Алба Рорвачер, Халук Билгинер, Коди Смит-Мекфи и Валерија Голино. 

Фото: Инстаграм/„Вараети“

 „Многу сум возбуден поради почетокот на продукцијата на филмот, кој се надевам дека ќе ги доближи извонредниот живот и дело на Марија Калас до публиката ширум светот, благодарение на прекрасното сценарио на Стивен Најт и работата на актерите и целата филмска екипа – особено Анџелина Џоли, која се подготви прекрасно“, изјавил Ларин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот