ФОТО: Водителката Александра Илиевска од „Брза кујна“ изгледа неверојатно само неколку месеци по породувањето

Instagram

Водителката на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска со својот сопруг Александар во јануари станаа родители на ќеркичката Сара.

Александра веќе некое време не ја гледаме на малите тв екрани од оправдани причини, таа, сепак, не ги заборава своите обожаватели и често споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи.
Дека мајчинството и паузата од работните обврски навистина ѝ годат, зборува секоја нејзина објава, водителката едноставно изгледа поубаво од кога било.
Неодамна, Александра сподели две фотографии на кои позира уживајќи на пролетното сонце, кое го искористила за пријатна прошетка. Од нејзините објави може да се забележи дека изгледа неверојатно, но и дека постепено се враќа на своите работни обврски.

Иако стана мајка пред само неколку месеци, нејзините обожаватели и пријатели едноставно се воодушевени од нејзиниот изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот