ФОТО | Во спомен на Зоран Џорлев: Огнен Здравковски на раката го истетовира ликот на неговиот вујко

Facebook
Facebook

Младиот македонски пејач, Огнен Здравковски, познат и како внук на маестро Зоран Џорлев чиј живот прерано згасна направи тетоважа во спомен на неговиот вујко.

На својата рака Огнен го истетовира ликот на неговиот вујко заедно со неговата виолина.

Фотографијата од тетоважата ја објави на својот фејсбук профил, а под неа напиша:
„Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување“.

Facebook
Facebook


„Заслужи вујко ти“, „Сеќавањата остануваат за цел живот“, „Прекрасна идеја, браво Оги“
, се само дел од бројните коментарите под фотографијата.

Македонскиот виолинист, концертен музичар и професор, Зоран Џорлев ја изгуби битката со коронавирусот на првиот ден од 2021 година.

Instagram
Instagram

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година. Кога бил првоодделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, почнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот