ФОТО | Во манир на Скандинавец: Пендаровски во Шведска користи јавен транспорт, се возеше во воз и проба локален специјалитет

Претседателот Стево Пендаровски користи јавен превоз за време на посетата на Шведска / 14 октомври 2021 / Фото: Фејсбук, Амбасада на Кралството Шведска

Во манир на Скандинавец, македонскиот претседател Стево Пендаровски, за време на посетата на Шведска, го користи јавниот превоз, а на фотографиите, кои ги објави Шведската амбасада во земјава, се гледа како Претседателот се превезува со воз.

– Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања, пишува Шведската амбасада во Скопје по повод посетата на Пендаровски.

Фото: Фејсбук, Амбасада на Кралството Шведска

– Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон. Дали знаеш дека 2021 година е европска година на возот?, додаваат од Амбасадата.

Фото: Фејсбук, Амбасада на Кралството Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот