ФОТО | Вилијам и Кејт по смртта на кралицата ги сменија титулите на социјалните мрежи

epa-efe
Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги сменија нивните официјални титули на социјалните мрежи од војвода и војвотка од Кембриџ во војвода и војвотка од Корнвол и Кембриџ.

Војводата од Корнвол традиционално е најстариот син на владеачкиот британски монарх, а неговата сопруга ја носи титулата војвотка.

Фото: Принтскрин/Твитер

Исто така, се очекува двојката да ги наследи и титулите принц и принцеза од Велс. Кралот Чарлс Трети, кој ја носеше титулата принцот од Велс до смртта на кралицата во четвртокот, исто така претходно ги имаше титулите војводата од Корнвол и војводата од Ротези, кои се користеа во Шкотска.

Титулата принцот од Велс обично се доделува на машкиот наследник. Едвард Осми ја носел титулата поголемиот дел од својот живот пред да се стапи на престолот (и по неколку месеци абдицирал). Меѓутоа, титулата принцот од Велс нема веднаш да прејде на Вилијам по смртта на неговата баба: мора да му ја даде суверен владетел.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Самиот крал Чарлс ја добил титулата принцот од Велс на деветгодишна возраст од својата мајка. Во замокот Кернарвон во 1969 година, кралицата Елизабета официјално го крунисала Чарлс како принцот од Велс.

Покојната мајка на принцот Вилијам, принцезата Дијана, претходно ја носеше титулата принцеза од Велс откако се омажи за сегашниот крал Чарлс во 1981 година. Сопругата на кралот Камила, претходно војвотката од Корнвол.

Почина кралицата Елизабета Втора

Принцот стана крал Чарлс III и наследи огромно богатство

Принцот стана крал Чарлс III и наследи огромно богатство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот