ФОТО+ ВИДЕО | Третоодделенците од ООУ„Киро Глигоров“ во посета на „Слободен печат“
Неодамна во редакцијата на „Слободен печат“ имавме посета на мали гости коишто ни го разубавија денот. Станува ззбор за третооделенци при ООУ„Киро Глигоров“ Скопје, поточно IIIа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поради наставната програма којашто ја изучувале наменета за професиите, наставничките се сетиле дека новинарството е една од најинтересните, најкреативни, па и најубави професии. За да им ја доближат оваа професија на учениците, тие одлучиле дека најдобар начин е непосреден контакт со медиумски работници и тоа во нивната работна средина. Стапија во контакт со нашите уредници за да ја споделат идејата, посета на медиум, а ние со радост ја прифативме поканата да имаме мали гостинчиња.
„Слободен печат“ како медиум во себе ги содржи трите водечки гласила, весник, портал и телевизија, па ова беше одличен простор за запознавање со оваа професија за нив.

Со огромна одговорност, но и среќа, им споделивме што значи медиум и која е работата на сите медиумски работници, новинари, сниматели, фоторепортери, режија итн.
Се надеваме дека овој ден со нашето гостопримство и срдечен пречек ќе им остане едно убаво сеќавање и дека некој од нив се заљуби во оваа професија.

Погледнете на јутјуб каналот на „Слободен печат“ од видеото како се дружевме со учениците.


