ФОТО+ВИДЕО | Татко на годината: Канје Вест се „гости“ од голо женско тело пред ќерка му

Фото: Принтскрин/ Тв итер/ ShotbyNYP / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

По сѐ изгледа дека работите стануваат посериозни меѓу Канје Вест и неговата нова сопруга, Бјанка Цензори, бидејќи архитектката беше забележана како се држи за рака со најстарата ќерка на Канје, Норт Вест, на неговиот 46-ти роденден во Лос Анџелес за време на викендот.

Бјанка и Норт биле видно расположени и насмеани, додека држејќи се за рака заедно влегувале на приватната забава на Канје во саботата вечер.

Норт, која Канје ја дели со поранешната сопруга Ким Кардашијан, носела сив џемпер со шорцеви и црни чизми. Девојчето имало и видливи црвени траги на лицето, но не е јасно дали тие се од повреда или се работи само за боја на лицето.

Снимател на забавата објави видео од Норт како го снима нејзиниот татко кој ја пее неговата песна „Off The Grid“ додека Бјанка се смее во позадина.

Во друго видео, речиси голи модели лежат на масите, во функција на послужавници на кои се сервира суши, кое ги покрива нивните интимни делови.

Приватната забава, на која присуствуваа ѕвезди како Клои Бејли и Тај Дола Сајн, се одликуваше со минималистичка естетика со свеќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот