ФОТО+ВИДЕО | Ќе заминат од Америка доколку Трамп повторно победи на изборите – Светските ѕвезди се срамат од нивниот претседател

Фото: Инстаграм

Рики Мартин, Брус Спрингстин, Џон Легенд и Криси Тајген се само некои од познатите лица кои изјавија дека ќе заминат од Америка доколку Доналд Трамп повторно победи на изборите, бидејки, како што велат, исцрпени се од срамниот начин на кој тој ја води земјата.

Многу ѕвезди се незадоволни и понижени од неговата работа и не би сакале тој да ги води и во следните четири години.

Брус Спрингстин (71) истакна дека ќе замине од својата земја доколку не победи Џо Бајден (77).

Брус Спрингстинг / Фото: Инстаграм

– Ако го избереме Трамп, а нема бидејќи предвидувам дека тој ќе изгуби, но доколку било како се случи тој повторно да победи, се гледаме на некое друго место, истакна Брус за странските медиуми. Вели дека ќе се пресели во Австралија. Рокерот не молчи за тоа колку не го поднесува Трамп, а минатата недела изјави дека на Белата куќа и е потребен егзорцизам.

Музичарот Томи Ли (58), основачот на бендот „Mötley Crüe“ раскажа дека ќе се пресели во Велика Британија доколку повторно победи Трамп. Тој кажа дека се срами од помислата што луѓето во Европа им се потсмеваат на Американците што имаат претседател како него.

Рики Мартин / Фото: Инстаграм

Пејачот Рики Мартин (48) кој е голем симпатизен на Бајден, би ја напуштил земјата заедно со семејството доколку победи Трамп, но можеби и ќе остане и повторно ќе се бори, бидејќи како што вели, „поради некој несоодветен не може целата нација да страда“.

Криси Тајген и Џон Леџенд / Фото: Инстаграм

Славните сопружници, манекенката Криси Тајген (34) и музичарот Џон Леџенд (41) размислуваат да заминат од Америка. Тие велат дека се исцрпени од срамниот начин на кој претседателот Трамп ја води земјата.

Истото го кажаа и Мајли Сајрус, Челси Хендлер, Самјуел Л. Џексон и Ејми Шумер.

Раперката Карди Би на Инстаграм објави видео на кое пуши три цигари одеднаш плашејќи се од можноста Трамп повторно да победи на изборите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Џенифер Анистон преку социјалните мрежи покажа ги замоли своите следбеници да излезат на гласање и добро да размислат кому да му го дадат својот глас.

Како што ѕвездата на социјалните медиуми, таа гласала предвреме и своето глсачко ливче го пратила преку пошта. Џенифер не крие дека гласала за Бајден и за неговата заменичка Камала.

„Гласав за нив, зашто во моментов нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно. Неколку мажи во рацете ја држат моќта на одлучување што можат жените, а што не со сопствените тела. Нашиот моментен претседател заклучи дека расизмот не е проблем. Во повеќе наврати јавно ги игнорираше проблемите. Премногу луѓе умреа. Се работи за иднината на оваа земја и на целиот свет“, напиша Џенифер во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

Актерката Шерон Стоун исто така не сака ниту да помисли дека постои можност Трамп повторно да ја предводи Америка.

Лејди Гага / Фото: Инстаграм

Меѓу многуте ѕвезди кои очајно се плашат од победата на Трамп е и Лејди Гага, со која Трамп во последниве денови води медиумска битка сакајќи да го наруши нејзиниот кредибилитет.

Како Трамп и Бајден го поделија Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот