ФОТО + ВИДЕО | Еден месец по разводот, Никол Кидман му покажа на Кит Урбан што пропушта: Во заводливо издание прошета по пистата на „Вог ворлд 2025“
Никол Кидман привлече внимание кога во неделата ја отвори престижната модна ревија „Вог ворлд 2025“. Славната 58-годишна актерка прошета по пистата во студиото на „Парамонт“ во Лос Анџелес и воодушеви со својот изглед во елегантен црн фустан кратко по веста за разводот од музичарот Кит Урбан, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
View this post on Instagram
Кидман носеше персонализиран црн сатенски фустан без ракави од Шанел, кој беше украсен со црни камелии. Креацијата е инспирирана од легендарниот фустан што го носеше Рита Хејворт во филмот „Гилда“ од 1946 година. Добитничката на Оскар дури и танцуваше на песната „Put the Blame on Mame“, која Хејворт ја изведе во гореспоменатиот филм.
Нејзиниот настап на модната писта беше режиран од Баз Лурман, со кого претходно соработуваше на хит филмот „Мулен Руж“ во 2001 година. Драматичното појавување започна со црно-бел клип од актерката на сцената опкружена со танчери, по што таа самоуверено зачекори на пистата. Својот гламурозен изглед го комплетираше со црни ракавици до лакти и дијамантски ѓердан, додека смелиот црвен кармин и шминката дополнително ја нагласија нејзината убавина.
View this post on Instagram
Интересно е што на истата ревија, моделот Кендал Џенер го носеше иконскиот костим на Никол од филмот „Мулен Руж“, кој се состоеше од блескав сребрен корсет со реси. По ревијата, Кидман сподели и неколку фотографии од зад сцената на Инстаграм, позирајќи со Лурман и долгогодишната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
Високопрофилниот настап доаѓа по разделбата од сопругот Кит Урбан , со кого беше во брак 19 години. Двојката има две ќерки, Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14), а веста за нивната разделба беше објавена кон крајот на септември.
View this post on Instagram


