Црвениот тепих на Наградите на Здружението на филмските актери - Фото: Profimedia

ФОТО | Вечер на елеганција и гламур во знакот на стариот Холивуд: Кој блесна на црвениот тепих на Наградите на Здружението на филмските актери?

Во екот на сезоната на награди, вечерта посветена на актерските остварувања уште еднаш потврди дека модата и филмот одат рака под рака. Наградите на Здружението на филмските актери не беа насочени само кон признанијата, туку и кон внимателно одбраните модни комбинации на славните личности. Како што сезоната на награди се приближува кон својата кулминација, црвениот тепих на оваа свеченост се наметна како елегантна модна увертира за самата завршница.

Ова беше првото издание на наградите со пропишан начин на облекување за црвениот тепих – реинтерпретација на холивудскиот гламур од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век.

Чии модни изданија беа најочекувани?

Неколку дена пред самата свеченост, организаторите го објавија списокот на презентери, па јавноста веќе имаше претстава што може да очекува. Некои имиња особено го привлекоа вниманието, бидејќи и претходно блескале на вакви настани.

Меѓу нив беа новите и впечатливи актерски лица како Конор Стори, Чејс Инфинити и Џена Ортега, но и ѕвезди со долгогодишен углед во филмската индустрија. Посебно се истакна Харисон Форд, кој ја прими наградата за животно дело.

Конор Стори – Фот0: Kathy Hutchins / Alamy / Profimedia
Чејс Инфинити – Фото: Sipa USA / Sipa USA / Profimedia
Џена Ортега – Фото: PATRICK T. FALLON / AFP / Profimedia
Харисон Форд – Фот0: JIM RUYMEN / UPI / Profimedia

Црвениот тепих и дизајнерските имиња

Ниту овојпат не изостанаа раскошни креации од врвни модни куќи. Гвинет Палтроу се појави во креација од „Живанши“ (Givenchy), Тејана Тејлор во „Том Браун“ (Thom Browne), а Деми Мур во „Скијапарели“ (Schiaparelli). Џена Ортега избра елегантен свилен фустан од „Кристијан Кован“ (Christian Cowan).

Ема Стоун се појави во креација од „Луј Витон“ (Louis Vuitton), Сара Пиџон во „Баленсијага“ (Balenciaga), а Кејт Хадсон во „Валентино“ (Valentino). Дамите блеснаа во гламурозни и внимателно осмислени изданија, во духот на зададената тема.

Ема Стоун – Фото: JIM RUYMEN / UPI / Profimedia
Гвинет Палтроу – Фото: MICHAEL TRAN / AFP / Profimedia
Кејт Хадсон – Фото: PATRICK T. FALLON / AFP / Profimedia
Деми Мур – Фото: MICHAEL TRAN / AFP / Profimedia

Кога станува збор за машката мода, познатите актери повторно се одлучија за проверена елеганција. Тимоти Шаламе носеше одело од „Прада“ (Prada), додека Конор Стори се појави во креација од „Сен Лоран“ (Saint Laurent).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот