ФОТО | Вандализиран мостот „Око“ и фонтаната со вулгарни пароли и закани: „Македонци ќе ве убиеме“, УЧК, Илирида…

Вандализиран мостот „Око“- /Слободен печат/Драган Митрески

Мостот „Око“ пред Архелошкиот музеј во Скопје е вандализиран со недолчни и вулгарни содржини против македонскиот народ, Македонија но и Србија. Испишани се пцовки на англиски јазик (Е*и се Србија, е*би Македонци“), а на одредени места потенцирано е „Косово“ и „УЧК“, „Албанија“. На мостот е испишана и закана на ангиски јазик „Македонци ќе ве убиеме“. Испишано е и името на еден од главните команданти на УЧК Адем Јашари.

Испишана со црн спреј е и фонтаната лоцирана централно на мостот „Око“ каде на албански е напишано „Сите сме со тебе Илирида“ и „УЧК“.

Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“ и фонтаната на која пишува „Ова е Албанија“/Слободен печат/Драган Митрески
На фонтаната е испишано и името на косовскиот премиер Албин Курти/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески

МВР веќе го документираше случајот и работи на негово расчистување.

-Во врска со графитите на мостот „Око“, добиена е пријава во СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, кратко соопштија од Министерството за внатрешни работи за оваа провокација и за повтореното бескрупулозно уништување на пешачкиот мост кој ги користат граѓаните и туристите кои го посетуваат Скопје.

Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Меѓу недоличните написи се забележува и името на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб Шкупи/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески
Вандализиран мостот „Око“/Слободен печат/Драган Митрески

Екипата на „Слободен печат“ претпладнево ги фотографираше овие недолични написи и се уште немаше никаква реакција од надлежните градски комунални служби за нивно отстранување. По овој понов мост од проектот „Скопје 2014“ секојдневно поминуваат стотици граѓани, а реакциите за овој најнов вандалски чин врз овој мост се појавија на социјалните мрежи.

Во претходниот период беа само ичртани дел од натписите на спомениците од античкиот и средновековниот период од македонската историја, а некои табли беа и целосно откорнати и повторно уништени откако беа заменети со нови.

Вандалите досега не се откриени и во претходните случаи.

ФОТО/ВИДЕО: На двата пешачки моста останаа безимени скулптури, табличките исчезнаа, Град Скопје не реагира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот